Линкови за пристапност

Климатските промени поттикнуваат миграција, предупредуваат САД


Нов извештај на администрацијата на Бајден покажа дека секоја година ќе се раселуваат десетици милиони луѓе во светот како последица на природни катастрофи

Влошувањето на климатските промени бара САД да направат повеќе за следење и справување со мигрантите кои бегаат од природни катастрофи, покажа мултиагенциско истражување од администрацијата на претседателот Џо Бајден, објави Асошиетед прес.

Ваквата евалуација беше побарана од претседателот Бајден.

Федерални официјални лица велат дека ова е најригорозен преглед досега во однос на тоа што САД мора да направат да ја менаџираат зголемената миграција, во време кога има повеќе природни катастрофи како последица на глобалното затоплување.

Активисти во Франција протестираат во музеј против миграција како последица на климатските промени
Активисти во Франција протестираат во музеј против миграција како последица на климатските промени

Федералниот извештај вели дека климатските промени се очекува да раселуваат десетици милиони луѓе во светот секоја година.

Во него се нагласуав дека легислативите што САД ги усвојуваат денес ќе помогнат да се утврди како да се справат со мигрантите жртви на климатските промени.

Администрацијата на Бајден е посветена да се справи со последиците од климатските промени пред клучната климатска коференција на Обединетите нации во Глазгов, Шкотска, која почнува на крајот на месецов.

Ова се случува во време кога Бајден се мачи да добие согласност од законодавците за мерки вредни мултимилијарди долари за забавување на климатските промени, што претставува клучен дел од неговата домашна агенда.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG