Линкови за пристапност

САД под можен притисок да го исполнат Парискиот договор


Согласно условите, држвата не може да излезе од Договорот до 2020 – та година

САД можат да бидат повикани ги исполнат обврските од Парискиот договор за климатски промени, иако претседателот Доналд Трамп изјави дека ќе ја повлече државата од овој Договор.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш вчера изјави дека поради американските бизниси и локалните власти, САД „би можеле да ги исполнат обврските, кои што ги презеле во Париз“.

„Во цел свет, улогата на владите е помалку релевантна, додека улогата на економијата и на заедницата станува сè повеќе релевантна“, рече тој.

Во текот на 2015-та година, за време на администрацијата на Барак Обама, САД потпишаа Договор, со кој се заложија да ги спречат емисиите на јаглерод диоксид и на други штетни емисии на стакленички гасови.

Трамп го опиша Пактот како „лош договор“ за САД, иако САД не можат сами да излезат од него до 2020-та година.

Дури и ако САД не ги исполнат нивните обврски, Гутереш рече дека климатските промени и понатаму остануваат „најсистематска закана за човештвото“, истакнувајќи ја 2017-та година како година исполнета со климатски хаос, додека 2018-та подготвена да произведе „повеќе од претходната“.

„Почнувам да се прашувам уште колку аларми треба да се вклучат пред светот да преземе нешто“, рече Гутереш.

ОН ќе одржат климатски Самит следната година во Њујорк, за да ја зголеми решителноста на земјите во исполнување на обврските од Парискиот договор.

„Научниците се загрижени дека доколку не се преземат забрзани активности до 2020-та година, целта на Парискиот договор може да стане недостижна“, додаде Гутереш.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG