Линкови за пристапност

Северна Македонија трпи економски и еколошки последици од климатските промени


Северна Македонија трпи економски и еколошки последици од климатските промени
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Земјоделскиот и туристичкиот сектор се најзасегнати од глобалното затоплување

Климатските промени нема да ја одминат и Северна Македонија. Делови од државата значително ќе ги почувствуваат последиците од глобалното затоплување, сметаат активистите.

Ѓоко Зороски од Движењето на екологисти на Македонија вели дека станува збор за предвидувања на климатолози за она што би можело да се случува во иднина. Тој вели дека во Охридскиот регион каде годишно има и до 700 милилитри врнежи на метар квадратен би можело да дојде до екстремна појава на дождови, кое може негативно да се одрази врз туристичката сезона:

„Најзагрозени ќе бидат централните делови на Македонија, Повардарието и источните делови каде се одвива најголемото земјоделско производство и производство на стратешки култури, винова лоза и тутун. Борбата е и во насока на намалување на економските последици од овие климатски промени“ изјави Зороски.

Од невладиниот сектор велат дека на климатските промени во земјава не им се дава потребното внимание, а за донесување на закон за климатска акција се чека повеќе од пет години.

Програмскиот координатор за клима во Еко свест, Невена Смилевска вели:

„Она што сметаме дека треба да се поттикне во периодот и во законодавните акти се задолжителни активности кои се поврзани со адаптација. Дали ќе биде тоа во земјоделието, енергетиката, транспортот, туризмот. Ние мораме во сите сектори паралелно да делуваме доколку сакаме да имаме и храна и нормални временски услови и да можеме некако да се заштитиме од влијанието на климатските промени бидејќи тие се тука“.

Експертот за климатски промени Золт Ленгилел смета дека иако земјава не е голем придонесувач кон глобалните климатски промени таа е многу засегната:

„Постои научно едногласие во однос на тоа дека 1,5 степен покачување на температурата е неповратна загуба на одредени биолошки и други вредности и затоа треба да поработиме да не го стигнеме модерниот индустриски свет и да останеме на ова ниво. Ако продолжиме со оваа стапка на емисии на загадувачи на атмосферата ќе бидат потребни од 10 до 14 години да стигнеме до таа вредност од 1,5 степен по која неповратно ќе се случат промени“ вели Ленгилел.

Претставници на околу 80 граѓански организации во Охрид неодамна разговараа за оваа проблематика. Предлагаат утврдување на конкретни мерки за првите десет години со визија за наредните десет.

Крајната цел е формирање на мрежа на граѓански организации за климатски промени која би делувала на национално и локално ниво.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG