Британската кралица Елизабета се повлече од климатската конференција на Обединетите нации во Глазгов следната недела, откако лекарите ја осветувале да одмора, соопшти Бакингамската палата, објави Ројтерс.
Извор од палатата изјавил дека одлуката да не учествува е од претпазливост, како и со цел да известат учесниците однапред.
Според истиот извор, кралицата е во добро расположение и посакува климатската конференција да успее.
„Следејќи го советот да одмора, кралицата извршува лесни обврски во замокот Виндзор“, рече Бакингамската палата, додавајќи дека кралицата „со жалење одлучила да не патува во Глазгов да присуствува на вечерната рецепција на климатската конференција на ОН во понеделник, на први ноември“.
95-годишната кралица, најстариот и најдолготрајниот монарх на светот, остана во болница минатата среда, откако беше подложена на „прелиминарни испитувања“ кои не се поврзани со ковид-19.
Facebook Forum