Линкови за пристапност

Блинкен најави финансиска помош за заштита на Амазонија


Од средбата со колумбискиот претседател на 20.октомври
Од средбата со колумбискиот претседател на 20.октомври

Најавата на државниот секретар на САД доаѓа нешто повеќе од една недела пред климатската конференција на Обединетите нации во Глазгов, Шкотска

Ден по разговорите на високо ниво во Колумбија, државниот секретар на САД Ентони Блинкен најави регионално партнерство да се адресира соголувањето на амазонските дождовни шуми.

„Ќе ја дадеме многу потребната финансиска помош за менаџирање на заштитените подрачја, и ќе помогнеме да се зголемат земјоделските практики со ниско ниво на јаглерод кај земјоделците низ Амазонија“, рече Блинкен.

Тој додаде дека „новото регионално партнерство ќе помогне да се спречат до 19 милиони метрички тони јаглерод диоксид да влезат во атмосферата“.

Амазонија покрива осум држави во Јужна Америка, вклучувајќи го Бразил, Колумбија, Еквадор и Перу.

Амазонија и другите дождовни шуми се суштински бидејќи го апсорбираат јаглеродниот диксид и произведуваат една петина од кислородот во светот. Една третина од Колумбија е во Амазонија.

Колумбиските власти имаат амбициозни климатски цели, меѓу кои и нула соголување на шумите до 2030 година.

Најавата на Блинкен доаѓа на повеќе од една недела пред климатската конференција на Обединетите нации во Глазгов, Шкотска, каде околу 100 светски лидери ќе дискутираат за климатските промени и како да се справат со нив.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG