Линкови за пристапност

Поглед во иднината среде климатските промени


Поглед во иднината среде климатските промени
Поглед во иднината среде климатските промени

Имаше многу предупредувања дека климатските промени може да направат потешко да се одгледува храна. Но ново орудие на фармерите им овозможува подобро да се подготват за она што претстои.

Научниците велат дека климатските промени може значително да ги пореметат условите за одгледување култури за повеќето фармери. Но тоа не значи дека тие услови ќе бидат непознати или неочекувани. Тие велат дека има многу примери за тоа како фармерите веќе се адаптирале на повисоките температури.

Истражувачите од Истражувачката програма за климатски промени CGIAR издаде извештај со наслов: Климатска аналогија – Во потрага по утрешно земјоделство денеска. Доктор Енди Џарвис објаснува:

„Зборуваме за тоа како климата ќе се промени и тоа е прилочно апстрактна идеја ако кажеме, ова место ќе биде за два степени потопло. Ова е интересен начин да се види иднината кога ќе биде два степени потопло или ако врнежите се различни од сега“.

На пример, истражувачите ги проучувале температурните промени проектирани да се случат до 2030 за Шангај, Кина, Лос Анџелес, Калифорнија и Дурбан, Јужна Африка, местото на последната конференција на ОН за климатски промени.

Информацијата може да биде многу вредна за фармерите.

„Дурбан, на пример, има голема продуктивност на шеќерна трска во околината. Има многу фармери кои зависат од пченка за егзистенција. Така, може да одите во Аргентина и Уругвај каде тие востановиле шеќерна трска и пченка и сфаќате што прават тие за да бидат адаптирани на климата. Со тоа знаење ќе се вратите во Дурбан и ќе им кажете на фармерите како да се прилагодат на тоа што доаѓа“, вели Џарвис.

Тој додава дека информацијата може да биде искористена за обезбедување на сигурноста на храната, особено кај население кое се очекува да има голем прираст во наредните децении.

Џарвис вели дека нема магично решение за климатските промени, така што владите треба да донесат закони за ограничување на емисијата на штетни гасови. Но, тоа не е доволно, вели Џарцис, зашто фармерите треба да се прилагодат на промените. Патем, тој додава, ниту еден од фармерите со кои разговарал немал сомнеж дека тие промени се случуваат.

XS
SM
MD
LG