Линкови за пристапност

Сенатот го одобри планот за избегнување на „фискалната бездна“


Законодавците во Претставничкиот дом не се многу среќни со договорот постигнат во последен момент.

Членовите на Претставничкиот дом губеа малку време да скокнат во осуда на договорот за избегнување на „фискалната бездна“ потврден во Сенатот, нарекувајќи го „план со многу пропусти“ и „лош договор за Америка“.

Претставничкиот дом заседава во вторник да го разгледа предлог законот, компромисен план дизајниран за избегнување на големи кратења во трошоците на владата и зголемување на даноците за сите освен за најбогатите Американци.

До овој момент, неколку часа по почетокот на расправата на пладне, опозицијата за документот доаѓа од обете партии.

Инаку, гласањето во Сенатот, каде контролата ја имаат демократите, беше 89 спрема 8. Според планот поединци кои заработуваат повеќе од 400.000 долари годишно и двојки кои заедно прават над 450.000 долари годишно, ќе имаат зголемување на даноците.

Лидерот на малцинството во Сенатот Мич Меконел кажа дека републиканските законодавци остануваат против зголемување на даноците од секаков вид но дека според него е важно да се спречи растење на даноците за сите Американци.

Мерката исто така наложува двомесечно одлагање на задолжителните кратења на трошоците за одбраната и домашни програми, што е основа за идна битка меѓу демократите и републиканците.

Аналитичарите велат дека без компромисот мерките за кратење на 500 милијарди од буџетот што автоматски би влегле во сила, ќе предизвикаа пажање на американската економија во друга рецесија.

Претседателот Барак Обама го пофали Сенатот и го поттикна Претставничкиот дом да го усвои документот без натамошно одлагање.

Борбата меѓу Обама и конгресните лидери трае веќе една година, а во средиштето, меѓу останатото е – како да се под контрола долгот на државата, сега повеќе од 16 трилиони долари.
XS
SM
MD
LG