Линкови за пристапност

Почина новинарката која ја објави веста за почеток на Втората светска војна


105-годишната Клер Холингворт од 1980-та живеела во Хонгконг

Вчера на 105-годишна возраст во Хонгконг, почина британската новинарка Клер Холингворт, која прва ја објави веста за почетокот на Втората светска војна.

На 28-ми aвгуст 1939 година, Холингворт, која тогаш имала 27 години, работела како новинарка во Британскиот весник "Дејли Телеграф", кога случајно забележала голем број германски војници и борбени возила во една долина во близина на границата со Полска. Таа веднаш направила ексклузивен новинарски извештај.

Три дена подоцна, Холингворт објавила дека германски сили ја нападнале Полска.

Холингворт покрај другото, ги покривала вестите за војната во Виетнам, Блискиот Исток, Индија и Пакистан, како и културната револуција во Кина.

XS
SM
MD
LG