Судирот меѓу Северот и Југот, што се закануваше да ја распарчи земјата, започна на 12-ти април 1861-ва и однесе околу 600.000 аАмериканци.
Вистинската причина за војната се` уште не е усогласена. Некои стручњаци велат дека борбата била во врска со правата на државите да се отцепат од Унијата, формирајќи Конфедеративни американски држави. Други велат дека 11 јужни држави се одвоиле за да ја заштитат нивната пракса на сопственост на робови, на што тогашниот американски претседател Абрахам Линколн се противел.
И по толку години, се` уште има тензии меѓу белите и црните заедници во некои делови на САД.