Линкови за пристапност

Кој град во САД забранува текстирање при одење?


Родителите вообичаено ги воспитуваат своите деца како безбедно да ја преминат улицата, гледајќи на двете страни. Но, дали воедно им воочуваат, додека се на улица, да не ги употребуваат нивните мобилни телефони?

Хонолулу, на Хаваите, се чини има намера сите да ја научат лекцијата.

Наскоро градот ќе го забрани текстирањето при преминување на улицата. Почнувајќи од 24-ти октомври, за овој прекршок може да се добие парична казна од 15 до 99 долари.

Со неодамна усвоениот закон, Хонолулу е првиот поголем град во САД којшто планира да го забрани, како што го нарекува, „расеаното одење“.

Креаторите на легислативата се надеваат дека со мерката ќе се намали бројот на лица-жртви на автомобилски незгоди во градот.

Градоначалникот Кирк Калдвел за Ројтерс изјави: „Водиме меѓу поголемите градови во САД, со број на пешаци, и тоа додека биле на пешачки премин. Ова особено се однесува на нашите постари жители“.

Законот ги вклучува сите електронски уреди со екрани: мобилни телефони, таблети, уреди за видео-игри, дигитални фото-апарати и лаптоп компјутери. Исклучок е - таквите уреди да се упоребат за повик на итни служби и спасувачки екипи, како пожарникари и полицајци.

Со се` поголемата употреба на мобилните телефони, расте и бројот на смртни случаи на пешаците. Според најнови информации, меѓу 2010-та и 2015-та, оваа бројка во САД се зголемила за 25 проценти. Ваквиот тренд продолжил и во 2016-та година.

Според најавите, се очекува примерот на Хонолулу да го следат и други градови ширум САД.

Власти во Хонолулу препорачуваат користење на „Сири“ или „Гугл асистент“ или едноставно трпение, додека не сте на безбедно, на другата страна на улицата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG