Линкови за пристапност

Што е добро во живеењето во град?


Што е добро во живеењето во град?
Што е добро во живеењето во град?

Нова книга тврди дека нема ништо поубаво од живеење меѓу супермаркети,ресторани, музеи ...

Економистот Едвард Глејсер верува дека градовите се најдобри места за живот.

„Градовите се толку фасцинантни бидејќи погодуваат на најдобриот подарок на човекот - нашата способност да учиме од другите“, вели Глејсер.

Уште од древни времиња, вели тој, градовите привлекувале интелегентни умови и им овозможувале заеднички да работат на напредок на општеството.

Изминативе три децении, многу градови се ревитализирани, не само благодарение на глобализацијата и новата технологија, туку, како што објаснува Глејсер, и поради нешто друго:

„Почна да се враќа профитабилноста на новите идеи и интелигенцијата добива на цена. Доколку имате идеја за производ или услуга, може да направите производството да биде на една страна на планетата, а користењето на тие производи на новите пазари во Индија или Индонезија или Субсахарска Африка. Овие трендови направија градовите да станат побитни, бидејќи градот денес е моторот на иновации и капитал“, додава Глејсер.

Во својата најнова книга „Триумфот на градот“, овој автор ги носи читателите на светска турнеја на успешните урбани приказни од Бостон и Лондон, до Токио и Киншаса. Тој објаснува како градовите се места на задоволство и производство. Рестораните, супермаркетите, театрите и музеите, креиараат работни места и ја заживуваат економијата.

Градовите, смета Глејсер, не ги осиромашуваат луѓето, тие ги привлекуваат сиромашните луѓе со тоа што нудат можност за излез од сиромаштијата и напредок.

Густо населените градови се и добри за животната средина, тврди овој автор. Постои помала концентрација на јаглероден диоксид бидејќи автомобилите не се употребуваат често, туку се користи јавниот превоз. Како втора добра причина да се живее во град, тој вели дека самото местото на живеење е помало, сеедно дали куќи или станови, споредено со руралните делови.

Што се однесува на густината на населението што многумина го замеруваат на градовите, Глејсер има решение – градете што повисоко! Со тоа, вели тој, се елиминираат многу од негативните ефекти на густината на населението.

XS
SM
MD
LG