Амнести интернешнал предложи декриминализација на трговијата со луѓе за сексуална експлоатација, како начин за подобрување на човековите права на овие лица. Според организацијата, декриминализацијата на нивните активности значи дека тие повеќе нема да бидат третирани како „криминалци“, што подразбира помал ризик од агресивна политика од страна на полицијата.
Наместо тоа, ваквиот предлог ја легализира експлоатацијата на овие лица, вели Синди Мекејн, раководителка на Советодавното тело за трговија со луѓе при Институтот за меѓународно лидерство, Мекејн.
„Возрасните сексуални работници главно ги започнале овие актиности како деца. Очигледно се залагаат сето тоа да биде легализирано, но она што не земаат предвид е влијанието што тоа може да го има врз децата воопшто. Легализацијата не е решението, обезаконувањето на муштериите е она на кое треба да се фокусираме во моментов, и тоа на мошне остар начин“.
Во напис објавен во Вашингтон пост, Синди Мекејн вели дека индустријата не е безбедна со фактот што сексуалните работници во многу земји се соочуваат со невидено насилство. Таа додава дека со предлогот на Амнести интернешнал, на жените, мажите и на децата практично им се кажува дека овие активности се безбедни и прифатен избор и дека оние коишто плаќаат за сексуални услуги со нив, имаат човеково право да го сторат тоа. Мекејн ги повикува властите да ги гонат одговорните за шверц со луѓе, нарекувајќи ги криминалци.
„Треба да посегнат по овие картели коишто ги земаат овие девојчиња и ги приморуваат на ваков вид трговија. Ова е организиран криминал. Треба да ги гониме одговорните, како и муштериите. Ова се истите луѓе коишто шверцуваат делови од животни, дрога, оружје, истото го прават со луѓето“.
Во Грузија, Косово и други пост-конфликтни земји, вели Мекејн, ужасот е огромен – никој не ни може да забележи многу помлади жени бидејќи тие се приморани на сексуална експлоатација и одведени од родната земја.
Таа додава дека во Украина и други земји со воени конфликти, многу жени коишто не успеале да избегаат со семејствата, во одреден момент ќе бидат присилени да бидат дел од шверцот со луѓе за сексуална експлоатација.
Мекејн додава дека актуелната мигрантска криза во Европа е трагедија и проблемот се сведува на исто. Таа вели дека луѓето бегаат од многу причини, војна или економски фактори и сето тоа е легитимно, но со тоа, доаѓа и проблемот со трговијата со луѓе за сексуална експлоатација.