Линкови за пристапност

Помалку прослави за Синко де Мајо


Денеска се празнува победата на мексиканската армија над Франција, во битката кај Пуебла

Денеска е Синко де Мајо, празник со кој се слави победата на мексиканската армија над Франција, во битката кај Пуебла време на Француско-мексиканската војна во 1862-та година.

Во САД, празникот еволуираше во сеќавање за мексиканската култура и наследство, особено во градовите каде мнозинството од жителите се со потекло од Мексико.

Годинава, сепак, некои прослави се со намален интензитет или се откажани, поради загриженост дека владата ќе ја искористи приликата да спроведе рации за имигранти со нелегален престој. Воедно постои загриженост дека американски државјани, поддржувачи на имиграционата политика на претседателот Трамп, може да нападнат учесници на прославите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG