Линкови за пристапност

САД во борба со црниот пазар на цигари

САД во борба со црниот пазар на цигари
САД во борба со црниот пазар на цигари

Законодавците во САД ги кренаа даноците на цигарите за да ги подобрат буџетите на локалните власти. Но црниот пазар на цигари ги чини касите милијарди долари

Цената на цигарите варира низ САД, зашто секоја сојузна држава ја одредува висината на данокот на продажба. За пакло цигари. Во некои држави е неколку центи, во други неколку долари. Така, со околу 45 милиони пушачи во САД, цигарите се голем бизнис, но и шверцувањето на цигари. Шверцерите купуваат цигари во држави каде даноците се мали или во индијанските резервати каде нема даноци, и потоа ги пренесуваат во државите каде даноците се повисоки. Колку поголеми се даноците во државата каде тие се доставуваат толку е поголем профитот.

Тед Дидс е портпарол на Алијансата за спроведување на законот во Америка, приватна група што се залага за закон и ред. Тој вели дека профитот за шверцерите значи несобрани даноци за државите, пари што можат да ги употребат за локални услуги и образование.

Вол стрит џурнал извести дека некои држави губат по пет милијарди долари годишно, само заради црниот пазар на цигари.

Даноците на цигари се витален дел на приход за државата Њујорл. Пакло цигари чини близу 15 долари. Државните даноци се повеќе од четири долари од цената. Градот Њујорк додава уште еден ипол долар. Државата соработува со федералното Биро за алкохол, тутун , огнено оружје и експлозиви, со цел да се стави крај на црниот пазар на цигари. Бред Мајони е од њујоршкиот оддел за оданочување и финансии. Тој вели дека агенциите изведуваат долгогодишни тајни истраги.

„Оваа работа е опасна, тешка и инволвира операции надвор од државата. Ние бевме релативно успешни во тоа. Еден случај од март, на пример, резултираше во голем број апсења. Таа шверцерска операција државата ја чинеше 11 милиони долари изгубени даноци“, вели тој.

Еден од проблемите во светот врзани за ова е производство и дистрибуција на фалсификувани марки цигари. Последниве години таквото производство е многу софистицирано, така што е многу тешко да се препознаат таквите.

Освен тоа, напорите на спроведувачите на законот се дополнително отежнати заради немање доволно ресурси и - други приоритети, како борба против насилниот криминал. Често, криминалците се многу умни, и прават неколку претходни трансакции заради заматување на трагата пред цигарите конечно да бидат продадени.

Кревањето на јавната свест за овој вид криминал е од големо значење, вели Тед Дидс од Алијансата на Америка.

Американската полиција треба секому во Америка да му каже дека постои ваков црн пазар и секое лице треба да избере – да не купува од таквите. Ако некој забележи дека се продаваат незаконски цигари – треба да пријави. Но секако, Дидс вели, дека полицијата треба да биде вклучена во дискусиите – што да се направи како следен чекор – можеби да се обезбеди границата, или да се намали профитабилноста. За да се има рационална политика, полицијата треба да помогне во формулирање на таа политика, смета тој.

Дидс додава дека соработката меѓу агенциите треба да се засили за да успее борбата против шверцувањето, но не само во рамки на државата, зашто шверцот на цигари веќе стана криминал што не познава граници.

Цената на цигарите варира низ САД, зашто секоја сојузна држава ја одредува висината на данокот на продажба. За пакло цигари. Во некои држави е неколку центи, во други неколку долари. Така, со околу 45 милиони пушачи во САД, цигарите се голем бизнис, но и шверцувањето на цигари. Шверцерите купуваат цигари во држави каде даноците се мали или во индијанските резервати каде нема даноци, и потоа ги пренесуваат во државите каде даноците се повисоки. Колку поголеми се даноците во државата каде тие се доставуваат толку е поголем профитот.

Тед Дидс е портпарол на Алијансата за спроведување на законот во Америка, приватна група што се залага за почитување на законот и редот. Тој вели дека профитот за шверцерите значи несобрани даноци за државите, пари што можат да ги употребат за локални услуги и образование.

„Wall Street Journal“ извести дека некои држави губат по пет милијарди долари годишно, само заради црниот пазар на цигари.

XS
SM
MD
LG