Линкови за пристапност

Скапи цигари – помала смртност на новороденчиња


F
F

Високите даноци на цигарите е едно од решенијата за намалување на здравствените проблеми кај новороденчињата.

Владата на САД става данок за цигарите во дел како мерка за јавно здравје, да ги поттикне луѓето да престанат со пушење. Нови истражувања сугерираат дека високата цена на цигарите доведува до намалена смртност кај новороденчињата.

Веќе има поврзаност на високите даноци на цигарите со намалувањето на бројот на жени коишто пушат за време на бременоста и со помалку здравствени проблеми кај новороденчињата, како што е ниска килажа, предвремено породување и вродени маани. Студијата, објавена во журналот Педијатрија, е прва која го проценува влијанието на високите даноци на цигарите со бројот на смртност кај малите деца во САД.

Истражувачите од Универзитетот Вандербилт во Мичиген разгледувале податоци од десет години по ред за високите даноци и цена на цигарите и смртноста кај новороденчињата. Тие дошле до сознание дека високиот данок на цигарите имал повеќе позитивно влијание кај афро-американската заедница отколку кај белата од не-латиноамериканско потекло.

Наспроти подобрувањето на медицинската грижа за предвремено родените бебиња, авторот Стивен Патрик забележува дека „ САД има најлоши цифри меѓу индустриски развиените држави во однос на смртност кај новороденчињата.“ Тој смета дека решението „можно е да биде во јавното здравство кое на прво место треба да работи на спречување на предвремените породувања, како на пример со високи даноци за цигарите.“

XS
SM
MD
LG