Линкови за пристапност

ЦИА нема повеќе да користи програми за вакцинирање за шпионирање


Белата куќа вети дека ЦИА нема да гo користи овој метод употребен пред американската рација во која беше убиен Осама бин Ладен.

Белата куќа вети дека ЦИА повеќе нема да ги користи програмите за вакцинација како параван за разузнавачки операции, три години откако агенцијата ова го сторила во Пакистан, пред американската рација во која беше убиен Осама бин Ладен.

Владата реагираше на минатонеделното писмо од декани на десетина истакнати јавни здравствени училишта до главната советничка за контратероризам на претседателот Барак Обама, Лиза Монако, дека случајот може да предизвика сериозни последици по проектите од јавното здравство.

Во 2011-та, ЦИА регрутирала пакистански доктор да почне кампања за вакцинирање против хепатит, како параван за да се добијат примероци на ДНК од лицата во објектот каде американското разузнавање претпоставувало дека се крие Бин Ладен.
XS
SM
MD
LG