Линкови за пристапност

ЦИА имала шпион во Кремљ кој открил дека Путин наредил мешање во изборите во САД?


Њујорк тајмс и Си-Ен-Ен објавија дека изворот бил отстранет од Русија во 2017 година, откако претходно одбил понуда да ја напушти државата

Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) имала извор со пристап до Кремљ, кој играл голема улога во проценката дека претседателот Владимир Путин наредил кампања за влијание во изборите во САД во 2016 година, објавија Њујорк тајмс и Си-Ен-Ен.

Ниту еден од овие медиуми не го откри името на изворот, додека тоа го направија неколку руски медиумски куќи.

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, рече дека лицето именувано во руските медиумски извештаи работело за Кабинетот на рускиот претседател, но, оти не било на висока позиција и немало директен контакт со Путин.

Песков додаде дека тоа лице било отпуштено од работа пред неколку години.

Двата американски медиума објавија дека изворот бил отстранет од Русија во 2017 година, откако претходно одбил понуда да ја напушти државата.

Си-Ен-Ен наведува дека одлуката да се тргне изворот од таква чувствителна позиција била направена делумно поради загриженост за погрешно постапување со класифицирани информации.

ЦИА ја негираше таквата изјава, велејќи дека таквите одлуки се носат врз основа на објективна анализа.

Администрацијата на Трамп ги отфрла извештаите објавени во медиумите, во кои се вели дека бил повлечен шпион од Москва, откако открил дека претседателот Владимир Путин наредил руско мешање во изборите во САД во корист на Доналд Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG