Линкови за пристапност

Њујорк тајмс: САД имале приватна шпиoнска мрежа во Пакистан и Авганистан


Њујорк тајмс: САД имале приватна шпиoнска мрежа во Пакистан и Авганистан
Њујорк тајмс: САД имале приватна шпиoнска мрежа во Пакистан и Авганистан

Американскиот Оддел за одбрана вели дека разгледува медиумски извештаи во кои се тврди дека претставник на Пентагон најмил приватни лица во Авганистан и Пакистан за да наоѓаат и убиваат осомничени бунтовници

Американскиот Оддел за одбрана вели дека разгледува медиумски извештаи во кои се тврди дека претставник на Пентагон најмил приватни лица во Авганистан и Пакистан за да наоѓаат и убиваат осомничени бунтовници.

Весникот Њујорк тајмс извести дека американската армија и претставници на разузнавањето рекле оти најмувале договорни работници од приватни компании за безбедносни услуги, познати на поранешни оперативци на ЦИА и припадници на специјалните сили. Тие наводно користеле информатори за да ја дознаат локацијата на милитантните лидери и кампови за обука во Пакистан и Авганистан и дека разузнавачките информации потоа биле пренесувани на американски команданти за можна смртоносна акција.

ЦИА и американската армија редовно изведуваат тајни разузнавачки операции, но генерално се смета за нелегално армијата да користи приватни лица како тајни агенти.

Во понеделникот, портпаролот на Пентагон, Брајан Витман, рече дека извештајот „е сериозно обвинување и покренува прашања што Одделот за одбрана треба да ги разгледа“.

XS
SM
MD
LG