Линкови за пристапност

САД ја засилуваат борбата против ал-Каида во Јемен


САД ја засилуваат борбата против ал-Каида во Јемен
САД ја засилуваат борбата против ал-Каида во Јемен

Јеменските власти во четврток кажаа дека владините трупи убиле најмалку 10 осомничени членови на ал-Каида во проблематичниот јужен регион додека државата се бори со исламското милитантно бунтовништво во време на отсуство на претседателот Али Абдула Салех.

Во меѓувреме, голем американски весник известува дека американската влада ја интензивирала тајната војна во Јемен последниве недели, распоредувајќи вооружени беспилотни летала борбени џетови за напаѓање на осомничени милитанти кои сакаат да ја експлоатираат ситуацијата во Јумен.

Цитирајќи американски претставници, Њујорк Тајмс вели дека по речиси едногодишна пауза во американските воздушни напади кампањата е зголемена во напор да се спречат милитантите поврзани со ал-Каида да ја консолидираат својата сила. Весникот вели дека нападите се предводени од Командата за здружени специјални операции на Одделот за одбрана на САД во тесна координација со ЦИА.

Извештајот објавен во четврок вели дека минатиот петок американски борбени авиони го убиле оперативецот на ал-Каида од среден ранг Абу Али ал-Харити и уште неколкумина осомничени милитанти во напад во јужен Јемен.

Неколку недели порано, беспилотни летала испукале проектили наменети за Анвар ал-Авлаки, радикален исламски свештеник роден во САД, кого САД се убидуваат да го убијат веќе една година. Но тој го преживеа нападот.

Засилената кампања се случува во опасно време за Јемен, кога Салех замина за Саудиска Арабија на третман по сериозните изгоретини што ги претрпел во минатонеделниот бомбашки напад на неговата претседателска резиденција.

XS
SM
MD
LG