Линкови за пристапност

Пожар во црква во Мисисипи


Американските власти отворија истрага откако Афро-американска црква во Мисисипи беше запалена и со спреј беше испишано „Гласај за Трамп“.

Големи материјални штети остави зад себе пожарот што ја зафати Баптистичката црква во Гринвил стара 111 години.

Градоначалникот Ерик Симонс изјави дека полицијата го смета пожарот за грозоморен чин чија цел е „да се влијае на заплашување на гласачите“.

ФБИ ќе се вклучи во истрагата.

Свештеникот на црквата Керолајн Хадсон рече дека членството од 200 верници одново ќе ја изгради црквата.

Седумдесет и осум проценти од населението во градот е афро–американско.

Конгресменот - демократ Бени Томпсон, пак го опиша овој инцидент како „враќање кон мрачното доба во Мисисипи“.

XS
SM
MD
LG