Линкови за пристапност

Божиќ - верски или културен празник?


Некои Американци Божиќ го прославуваат од верски аспект, но многумина веруваат дека ова е празник погоден за дружење

Секоја година, традиционално, Националната божиќна елка во Вашингтон привлекува многу посетители, кои се собираат и околу 56-те мали елки наоколу, кои ги претставуваат 50-те сојузни држави во САД, како и Вашингтон, Порторико, Гуам, Северните Маријански Острови, Американските Девствени Острови и Американска Самоа.

Но, постојат различни причини зошто луѓето доаѓаат овде. Некои велат дека доаѓаат од религиозни причини, додека други сакаат да ја почувствуваат празничната атмосфера.

Различни сфаќања за Божиќ

„За нас, ако не постои религискиот дел, овој празник не би бил значаен“, вели Ким Ричесон од Колумбија, Мериленд, за кого Божиќ претставува првенствено верски празник.

Паула Миковиц, пак, празникот воопшто не го гледа од верски аспект. За неа, празникот е одличен повод за дружење со фамилијата.

„Верскиот момент не ми значи ништо. Јас единствено сакам да ги гледам децата како уживаат во прославување“, вели таа.

Повеќето Американци го слават Божиќ

Во истражување на околу 2.000 луѓе во САД, девет од десет Американци велат дека го празнуваат Божиќ. Но, за само половина од нив Божиќ претставува верски празник.

„Мислам дека повеќе е фамилијарен празник“, вели Кери де Бласис.

Традиција на дружење

Но, Мерилен Луск од Тенеси вели дека нејзината фамилија го држи фокусот на религијата.

„Традицијата на Дедо Мраз е прекрасна, но тој обично носи роденденска торта за Исус Христос, и пее роденденска песна, така што не треба да ја заборавиме причината за вистинската прослава“, вели Луск.

XS
SM
MD
LG