Линкови за пристапност

Папата повика на мир во Јужен Судан и во Сирија


Папата Францис зборуваше пред десетици илјади луѓе на плоштадот Свети Петар, на прославата на еден од најсветите денови во христијанскиот календар.

Папата Францис повика за мир во Јужен Судан и други проблематични нации во светот во неговото прво божиќно обраќање.

77-годишниот папа од Аргентина зборуваше пред десетици илјади луѓе во среда на плоштадот Свети Петар, на прославата на еден од најсветите денови во христијанскиот календар.

Во неговата прва божиќна порака „до градот и светот“, тој повика за „социјална хармонија“ во Јужен Судан и дијалог за завршување на конфликтите во Нигерија, Демократска република Конго, Ирак и Сирија. Тој исто така кажа дека се моли и за добар резултат во мировниот процес меѓу Израел и Палестинците.

Во палестинскиот град на Западниот брег Витлеем, библиското родно место на Исус, верниците ја наполнија црквата од четврти век, изградена точно на местото каде традицијата вели дека се родил Исус. Старите ѕидови на црквата беа осветлени со свеќи и исполнети со звуци на молитви.

Вчера во Витлеем, латинскиот патријарх на Ерусалим Фуад Твал ја прослави полноќната миса на која присуствуваше и палестинскиот претседател Махмуд Абас. Претставници на Европската унија и јордански истакнати личности беа меѓу присутните.

Витлеем е околу една третина христијански, а најголем дел од неговите 25.000 жители се идентификуваат како Муслимани. Во годишен гест на добра волја, Израел дозволи на повеќе од 500 членови на мала христијанска заедница на Газа да мине низ Израел за да дојде на свеченоста во Витлеем.

Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама пренесе празнична радио и интернет порака оддавајќи почит на „служењето и жртвувањето“ на американските трупи и нивните семејства. Тој забележа дека со завршувањето на војните во Ирак и Авганистан помалку мажи и жени се испраќаат на опасни места споредено со било кое време последнава деценија. Претседателот ја сними пораката пред заминувањето на двонеделен одмор со семејството во Хаваи, каде што е роден.
XS
SM
MD
LG