Линкови за пристапност

Дедо Мраз тргна да им подели подароци на децата во цел свет


Не заборавајте да бидете пријател со некој што е осамен, порача фиктивниот Дедо Мраз, пред да замине од неговата официјална резиденција

Жителите на градот Рованиеми, Финска, денес го испратија Дедо Мраз на неговото годишно патување да им однесе божиќни подароци на децата од цел свет.

Пред да тргне од неговата официјална резиденција, фиктивниот Дедо Мраз им посака исполнување на желбите на сите околу него, што беа собрани да го испратат.

„Се надевам дека ќе имате убав и мирен Божиќ со пријателите и семејството. Исто така, не заборавајте да бидете пријател со некој што е осамен, порача Дедо Мраз.

Според легендата, Дедо Мраз прво ќе отпатува во Северниот Пол, каде ќе ја наполни вреќата со подароци за среќните деца низ целиот свет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG