Низ целиот свет започна прославувањето и обележувањето на кинеската Нова година – година на мајмунот.
Во Пекинг, илјадници луѓе се собраа во будистичките и таоистичките храмови да се молат за добра среќа и богатство на првиот ден од кинеската Нова година 4713, да ги посетат пазарите на отворено или фестивалите во паркови.
За разлика од други празници, кои траат еден ден, традиционалното прославување на кинеската Нова година трае 15 дена, и завршува со Фестивалот на фенери.
Овој празник е познат и по тоа што се случува најголемата миграција низ светот, милиони луѓе патуваат за да бидат заедно со своите семејства за време на празникот.
Ограничувањата за поставување огномет во комбинација со економската криза се покажа дека го намали прославувањето на празникот во Кина.
Во Тајван, поради силниот земјотрес, нема прослави. Улиците во Таинан, блиску до епицентарот на земјотресот пред полноќ - се празни.
Огномети и паради го обележуваат доаѓањето на кинеската Нова година - од Сиднеј до Лисабон.