Американски и кинески официјални лица се среќаваат во четврток во Вашингтон за втор и финален ден на стратешки и економски разговори.
Двете страни во среда се договорија за поголема соработка за намалување на штетните гасови и загадување на воздухот. Состанокот во четврток се очекува да биде фокусиран на економски прашања.
Годишните разговори на ниво на кабинет се шанса Вашингтон и Пекинг да дискутираат, и понекогаш да се спротивстават едни на други, по прашања по кои соработуваат и прашања по кои не се согласуваат.
Во среда, американскиот потпретседател Џо Бајден ја повика Кина да запре со, како што рече, „нескриена“ кибернетска кражба, за што неодамнешни извештаи велат дека ги чини САД стотици милијарди долари годишно.
Говорот на Бајден исто така се однесуваше и на чувствителната тема за човековите права во Кина. Тој кажа дека Кина ќе биде посилна, постабилна и поиновативна доколку ги почитува меѓународните норми за човекови права.
Американски претставници кажаа дека државниот секретар Џон Кери бил „многу силен“ за време на приватни дискусии за човековите права и дека покренал „специфични прашања“ со кинеската делегација.