Лиу Сја, вдовицата на кинескиот нобеловец за мир Лиу Сјаобо ја напушти државата, по осум години куќен притвор.
Портпаролот на Кинеското министерство за надворешни работи, изјави дека Лиу Сја заминала за Германија за да добие медицински третман.
Нејзиниот брат, рано денес, на социјалните мрежи објави дека неговата сестра ја напуштила Кина за да почне нов живот во Европа.
Таа беше во куќен притвор од 2010-та година, кога нејзиниот сопруг беше награден со Нобелова награда за мир.
Наградата дојде една година, откако Лиу Сјаобо беше упасен и осуден на 11 години затвор, поради кампања за политички реформи и ставање крај на комунистичкиот еднопартиски систем на управување на Кина.
Ослободувањето на Лиу Сја се случи неколку денови пред годишнината од смртта на нејзиниот сопруг, кој почина на 61 година од рак на црниот дроб.
Facebook Forum