Линкови за пристапност

Поради коронавирусот починати над 1.100 лица


Кинеските здравствени власти во средата соопштија дека бројот на починати како последица на коронавирусот се искачи на повеќе од 1.100 лица.

Бројките на Националната здравствена комисија вклучуваат 97 нови смртни случаи и вкупно 44.653 заразени откако епидемијата избувнува минатиот месец.

Додека повеќето случаи на коронавирус се регистрирани во Кина, стотици заболени се потврдени во десетици други земји, обично по патување од Кина.

Најголема група на заболени има на брод за крстарење во Јокохама, Јапонија, каде се инфицирани 174 лица од вкупно 3.700, поради што бродот останува под карантин.

Американскиот Стејт департмент соопшти во вторникот дека ќе им овозможи на несуштинските вработени и нивните семејства доброволно да го напуштат американскиот конзулат во Хонг Конг заради претпазливост од коронавирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG