Здравствениот систем на Кина се бори да се справи со зголемениот број на пациенти заразени од смртоносниот коронавирус и покрај тоа што кинескиот претседател Кси Џингпинг повторно се појави во јавноста за да повика на поголема доверба во неговата влада.
До денеска повеќе од 43.000 лица се инфицирани со корона вирусот. Бројот на починати се искачи на 1.018 лица низ целиот свет. Од нив, 974 смртни случаи, или 96% од вкупниот број, се случиле во градот Вухан, во кинеската провинција Хубеи - каде болниците во центарот на епидемијата веќе се преплавени со пациенти.
Најновиот извештај објавен на веб-страницата на Американското медицинско здружение откри дека од 138 пациенти заразени со вируси во градот, 30% биле медицински професионалци - алармантна стапка што укажува на тоа дека градскиот медицински систем кој лекува над 30.000 пациенти може да колабира, вели Винсент Су, торакален хирург во Тајпеј.
Поради големиот обем на работа во болниците, сите пациенти во Вухан веројатно не се пријавени, проценува хирургот.
Кина додаде илјадници кревети во околу 15 болници во Вухан.
Но, многумина што се пријавиле во болниците, се жалеле на недостаток на медицинска нега и оддели за изолација за да избегнат вкрстена инфекција.
Некои сметаат дека е подобро да останат во домашен карантин.
Facebook Forum