Линкови за пристапност

Бројот на починати од корона вирусот се искачи над 1000


Еден ден откако бројот на починати од коронавирусот се искачи над 1.000 лица во Кина, првите двајца здравствени претставници во централната кинеска провинција Хубеи, епицентар на појавата на епидемијата, се отстранети од своите работни места.

Кинеските државни медиуми објавија дека Жанг Jин, шеф на Комунистичката партија на провинциската здравствена комисија на Хубеи и Лиу Јинџи, директорот на комисијата, биле отпуштени од работа.

За време на посетата на пациенти со коронавирус во болницата во Пекинг во понеделникот, претседателот Кси Џинпинг повика на „порешителни мерки“ за да се контролира епидемијата.

Централната банка на Кина стави на располагање 43 милијарди долари за да им помогне на деловните субјекти вклучени во борбата против епидемијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG