Кинеските експерти за здравство потврдија дека новиот коронавирус, кој досега уби четири лица, е заразен, што предизвикува стравување дека вирусот би можел брзо да се шири кај луѓето.
Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека вирусот, кој предизвикува еден вид пневмонија, може да се пренесе од човек на човек, а не само од животни на луѓе, објави новинска агенција Ксинхуа.
Претходно, кинеските здравствени работници потврдија 136 нови случаи на новооткриениот вирус, што е огромен пораст во текот на изминатите три дена, вклучувајќи ги и првите случаи во главниот град Пекинг и во Шангај.
Здравствените власти во централниот кинески град Вухан, каде започна епидемијата, велат дека бројот на случаи сега надминува 200, при што повеќето потврдени случаи не се тешки. Најнова жртва на вирусот е 89-годишен маж во Вухан.
Facebook Forum