Линкови за пристапност

Нов вирус предизвика епидемија на пневмонија во Кина


Вирусот е дел од истото семејство на коронавируси кои беа поврзани со појавата на смртоносниот САРС во 2002 година

Здравствените власти во Кина соопштија дека појавата на пневмонија во градот Вухан е предизвикана од нов вид на вирусот што доведе до појавува на смртоносниот САРС пред повеќе од една деценија.

Здравствените власти во Хонг Конг велат дека дури 38 лица се хоспитализирани последниве денови откако се вратиле од Вухан со симптоми на грип или пневмонија.


Државната новинска агенција Ксинхуа соопшти дека тим на научници го идентификувале новиот вид коронавирус по извршените тестови врз 59 лица кои биле хоспитализирани од почетокот на декември. Светската здравствена организација во средата го потврди прелиминарното откривање на вирусот.

Здравствените власти во Хонг Конг велат дека дури 38 лица се хоспитализирани последниве денови откако се вратиле од Вухан со симптоми на грип или пневмонија.

Избувнувањето на пневмонија доаѓа само неколку дена пред Лунарната нова година, кога милиони Кинези ќе патуваат со авиони, возови или автобуси за да го прослават празникот. Официјален претставник на кинеското министерство за транспорт соопшти дека ќе биде извршена дезинфекција на јавните транспортни станици и товарните центри за да се спречи ширењето на вирусот.

Повеќе од 8000 луѓе се разболеле помеѓу 2002 и 2003 година за време на избувнување на ненадеен акутен респираторен синдром во Кина и Хонг Конг од што починаа скоро 800 луѓе и што предизвикаа глобална здравствена паника. Друг коронавирус е поврзан со МЕРС, причина за смрт на 851 лице од заболени речиси 2.500, откако за прв пат се појави во 2012 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG