Научници во Кина идентификуваа нов тип на грип кај свињите, кој може да зарази и луѓе, и кој има потенцијал да прерасне во пандемија.
Научниците велат дека тој бил откриен како дел од програма за набљудување на свински фарми и кланици во десет провинции, меѓу 2011 и 2018 година. Од него веќе се заразиле луѓе кои работеле таму.
Новиот вирус е мутација на свинскиот грип кој уби стотици илјади луѓе низ светот во 2009 година.
Може да расте и брзо да се размножи, со што полесно би се раширил кај луѓето, иако моментално нема докази дека болеста може да се пренесе преку контакт, од човек на човек.
Моменталните вакцини против грип не обезбедуваат имунитет за новиот вирус.
Според истражувачите, тој ги има сите суштински карактеристики за да прерасне во пандемија.
Тие ги повикуваат фармерите да го контролираат ширењето на вирусот меѓу свињите, и одблизу да го монтирираат луѓето кои работат со животните.
Facebook Forum