Линкови за пристапност

СЗО ја одобри кинеската вакцина Синофарм


Тедрос истакна дека вакцината сега може да биде вклучена и во ковакс механизмот

Светската здравствена организација денес ја одобри за итна употреба вакцината создадена од кинескиот државен производител на лекови Синофарм, шестата вакцина одобрена од организацијата.

На редовниот брифинг на агенцијата, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус, рече дека Стратешката советодавна група на експерти за имунизација на СЗО (САГЕ) ги прегледала достапните податоци и ја препорачала вакцината за возрасни кои имаат 18 или повеќе години, од две дози.

Списокот за употреба во итни случаи од страна на СЗО е сигнал за земјите ширум светот вакцината може брзо да се одобри и увезе за дистрибуција, особено оние без меѓународен стандарден регулатор за нив.

Тедрос истакна дека вакцината сега може да биде вклучена и во ковакс механизмот.

СЗО веќе даде итно одобрување на вакцините развиени од Фајзер, Астра Зенека, Џонсон и Џонсон и минатата недела од Модерна.

СЗО соопшти дека ја разгледува и втората кинеска вакцина за итна употреба, произведена од „Синовак Биотек“ и се очекува да донесе одлука за тоа следната недела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG