Линкови за пристапност

Напори за подобрување на воените врски на САД и Кина


Секретарот за одбрана на САД, Џим Матис му кажал на неговиот кинески колега дека подобрените врски меѓу двете држави ќе го намалат ризикот од предизвикување на ненамерен конфликт.

Матис се сретна со кинескиот генерал Веи Фенгхе на маргините на конференцијата за безбедност во Сингапур со цел нормализирање на воените односи. По средбата, американски претставници рекоа дека воените односи се стабилизирани, иако од разговорите не произлегле никакви нови договори.

Воените врски меѓу Вашингтон и Пекинг се влошија во последниве недели поради заострувањето на трговска војна, американските санкции кон кинеската армија заради набавката на оружје од Русија и военото присуство на Пекинг во Јужно Кинеско Море.

Матис пред неколку недели планираше да одржи средба со Веи Фенгхе во Пекинг, но кинеските власти соопштија дека тој не бил достапен. Една од неколкуте индикации за затегнатите односи на САД и Кина.

Претседателот на САД, Доналд Трамп често ја критикува Кина заради економската политика. Претходно месецов потпретседателот Мајк Пенс го обвини Пекинг за користење на нефер трговски практики и прибегнување кон воена агресија.

Кина веднаш не ги коментираше американските медиумски извештаи за состанокот помеѓу Матис и Веи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG