Кинеските компании со меѓународни амбиции се пред сериозна дилема, со американскиот потег за намалување на корпоративните даночни стапки.
Чекорот ги направи САД атрактивна дестинација за кинеските компании кои се соочуваат со многу високи даноци и други ограничувања на домашниот пазар. Од друга страна, тие, пак, се изложени и на ризик да бидат казнети од кинеските власти кои се противат „непотребни“ странски инвестиции.
Претходно неделава, Кина ја заврши годишната конференција за курсот на економската политика на највисоко ниво, со тригодишен залог за „борба против финансиски ризици“. Иако конкретно не беше спомената американската даночна реформа, беше јасно дека кинеските власти се подготвуваат да се спротивстават на какви било надворешни ризици за домашната економија.
Во вторникот, кинеската полиција растури подземна банка во Гуангдонг, осомничена за вмешаност во прекугранични трансакции во вредност од над 70 милиони долари, и тоа само изминатиот месец.
Кинеските компании, како и богатите поединци се познати по користењето на подземни банки за да ги пренесат средствата во странство кога ги прекршуваат строгите контроли на Пекинг, за инвестирање во области што владата не им ги дозволува.
Кинеските инвеститори се загрижени и за официјалното неодобрување дома, како и за можноста администрацијата на Трамп да преземе нови мерки за спречување на странските инвестиции во САД.
Нацрт-законот во САД дава стимул за американските компании да ги вратат назад профитиот направен во странски земји. Кина досега искористи големи инвестиции од страна на американските компании, поради што би можело да биде сериозно погодена ако американските компании почнат да ја користат оваа даночна понуда.
Странските компании обично инвестираат во Кина затоа што гледаат на неа како вистинска дестинација за долгорочно присуство.
Неодамнешните зголемувања на каматните стапки во САД, исто така, ги покренаа стравовите на Пекинг за интензивирање на евентуално бегство на капиталот од богатите кинези, барајќи засолништа за своите заштеди. Американските федерални резерви ги зголемија каматните стапки за 0,25 проценти и тоа три пати во 2017-та и се очекува истото да го сторат најмалку уште двапати следната година.
Последниот збор ќе го имаат кинеските компании:
„Данокот е само мал фактор што влијае врз деловните одлуки. Само затоа што се намали од 40 на 25 проценти, не значи дека деловните одлуки за инвестиции ќе бидат донесени токму поради тоа“, оцени Шен Јаџи, аналитичар за финансии од Пекинг.
Facebook Forum