ВАШИНГТОН —
Претседателот на САД Доналд Трамп ќе се сретне со кинескиот заменик-премиер денес во Белата куќа, како дел од напорите да се намалат трговските тензии меѓу двете држави.
Претставници на двете страни неделава во Вашингтон водеа преговори, по несигурноста за можно двојно зголемување на царините од страна на САД за кинески производи во вредност од 200 милијарди долари на први март.
САД ја повикуваат Кина да направи структурални промени околу клучните прашања, како ставање крај на кражбата на технологија, како и за други привилегии на компаниите, кои имаат владина поддршка.
Facebook Forum