Линкови за пристапност

Кина прифаќа истрага за Ковид-19 откако пандемијата ќе биде под контрола


Резолуцијата подготвена од Европската унија во која се бара истрага за пандемијата се очекува да биде одобрена оваа недела

Кина одговори на повиците за независна истрага за пандемијата на коронавирусот, велејќи дека таа треба да се спроведе дури откако пандемијата ќе биде ставена под контрола, изјави во понеделникот кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Обраќајќи се на виртуелната средба на Светското здравствено собрание, управниот орган на Светската здравствена организација, Кси рече дека Кина поддржува „сеопфатна проценка“ на глобалниот одговор на пандемијата, откако истата „ќе биде ставена под контрола“.

Резолуцијата подготвена од Европската унија во која се бара истрага за тоа како започна пандемијата, како и истрага за одговорот на истата, се очекува да биде одобрена оваа недела.

Австралија е меѓу најгласните поборници за таква истрага, а министерката за надворешни работи Марис Пејн изјави во понеделникот дека сака тие напори да бидат „непристрасни, независни и сеопфатни“.

„Ние сме многу охрабрени од растечкото ниво на поддршка за овој сеопфатен предлог на Светското здравствено собрание,“ рече таа.

Меѓународните ограничувања за патувања сè уште се на сила во многу области, но исто така се отвораат некои популарни туристички места, вклучително и грчкиот Акропол во Атина и базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.


Новиот коронавирус за прв пат беше јавно идентификуван во Кина кон крајот на декември и се прошири низ целиот свет, при што досега се регистрирани повеќе од 315.000 жртви, а бројот на заразени се искачи над 4,7 милиони.

Кси во понеделникот го повтори ставот на Кина дека секогаш биле „транспарентни“ во однос на нивните сознанија за вирусот. Тој, исто така, на собранието во понеделникот објави дека Кина ќе издвои две милијарди американски долари за борба против Ковид-19 во текот на две години, особено со фокус на земјите во развој.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше остар критичар на првичниот одговор на Кина во однос на вирусот. Тој, исто така, го суспендираше финансирањето на СЗО, тврдејќи дека агенцијата не успеала во „основната должност“ да ги истражи раните извештаи надвор од Кина за коронавирусот во декември минатата година.

Владите ширум светот воведоа карантински мерки со цел да се запре ширењето на вирусот. Овие напори негативно се одразија на економиите. Јапонија во понеделникот објави дека нејзината економија влезе во рецесија во првиот квартал од оваа година.

Во некои земји, особено во Европа, со напредокот во намалувањето на бројот на жртви и стапката на нови инфекции, лидерите ги намалуваат ограничувањата.

Меѓународните ограничувања за патувања сè уште се на сила во многу области, но исто така се отвораат некои популарни туристички места, вклучително и грчкиот Акропол во Атина и базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.

Во Индија, зголемувањето на бројот на новоинфицирани ја натера владата да ги продолжи карантинските мерки до крајот на месецот.

Во САД досега се регистрирани 90.000 жртви и 1.5 милион инфицирани.

Здравствените власти во северозападната држава Орегон соопштија дека имаат доволно лекови за пациентите со Ковид-19, лекови кои инаку се користат за лечење ебола. Лекот се користел во испитувања во голем број болници, а раните резултати покажуваат дека со овој лек може да се забрза времето на закрепнување од Ковид-19.

И во државата Њујорк, најтешко погодената во САД, гувернерот Ендрју Куомо рече дека секој што има симптоми или се враќа на работа, сега може да добие тест за коронавирус. Многу области на САД се соочуваат со тешкотии да спроведат онолку тестови колку што би сакале здравствените власти поради недостаток на залихи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG