Линкови за пристапност

САД ги зголемија царините за кинеските производи, трговските преговори продолжуваат


Кина рече дека длабоко жали за зголемените царини, и оти ќе преземе соодветни контрамерки

Кина и САД денес продолжуваат со трговските преговори, часови откако влегоа во сила новите царини за кинеските производи.

САД ги зголемија царините од десет на 25 проценти за кинески производи во вредност од 200 милијарди долари, и покрај тоа што кинескиот вицепремиер Лиу Хи и американскиот преговарачки тим, денес втор ден вложуваат напори да постигнат трговски договор.

Кина рече дека длабоко жали за зголемените царини, и оти ќе преземе соодветни контрамерки, без да открие детали за какви мерки станува збор.

Вчера заврши првиот дел од преговорите, сочувувајќи ги на тој начин трговските разговори, и покрај новите царини од страна на САД.

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп се надева дека новите царини ќе доведат до промени во кинеската трговија, како и во политиките на собвенционирање и заштита на интелектуалната сопственост.

Трамп рече дека добил писмо од кинескиот претседател, во кое изразува желба за заедничка работа.

Тој нагласи дека и покрај воведувањето на царините, не сака да влезе во трговска војна со Пекинг.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG