Линкови за пристапност

Зголемен трговскиот дефицит на САД со Кина


За првите пет месеци од годината, кинескиот трговски суфицит со САД изнесувал 104,85 милијарди долари

Кинескиот трговски суфицит со САД се зголемил на 24,58 милијарди долари во мај, од 22,15 милијарди во април, според денеска објавените кинески податоци за царината.

Растот на извозот во Кина во мај изнесувал 12,6 отсто, нешто помалку од 12,9 отсто во април, но многу повеќе од 10 проценти што го предвидоа економистите анкетирани од страна на новинската агенција Ројтерс.

Кинескиот увоз, секоја година во мај, се зголемува за 26 отсто.

За првите пет месеци од годината, кинескиот трговски суфицит со САД изнесувал 104,85 милијарди долари.

Двете земји се заканија дека ќе ги зголемат царините за стоки во вредност од 150 милијарди долари, бидејќи претседателот Доналд Трамп побара од Пекинг отворање на својата економија, нагласувајќи го големиот трговски дефицит на САД со Кина.

Претходно неделава, Кина ги предупреди САД дека сите трговски и деловни договори меѓу двете земји „нема да стапат на сила“ ако се спроведат заканувачките царини на американската администрација и другите мерки за кинеските производи.

Предупредувањето дојде откако американскиот секретар за трговија, Вилбур Рос и кинескиот заменик-премиер Лиу Тој, ги завршија дводневните разговори во Пекинг со цел да го решат трговскиот спор, во кој Пекинг вети дека ќе го намали својот трговски суфицит.

Белата куќа претходно ја обнови заканата за зголемување на давачките за 50 милијарди долари спрема технолошките кинеските стоки.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG