Линкови за пристапност

Трговска војна со Кина? - Претседателот Трамп ќе објави санкции кон Пекинг


Се очекува денес американскиот претседател Доналд Трамп да објави санкции против Кина, заради „кражба“ на американска интелектуална сопственост, оставајќи можност за почеток на втора трговска војна со Пекинг.

Трговските санкции против Кина делумно се одговор на кражбата и несоодветен трансфер на американска технологија до кинески компании.

Според извештаите, Трамп се очекува да воведе царини, во вредност од билиони долари врз кинески производи.

Пекинг вели дека никој не победува во трговските војни, но не се повлекува од предизвикот.

„Кина не сака трговска војна со никого. Но, ако некој не` принуди на тоа, ја прифаќаме. Ако САД преземат акција против кинеските интереси, тогаш Кина ќе преземе неопходни мерки соодветно да одговори“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг.

Трамп во јануари воведе царини за кинеските компании кои произведуваат соларни плочи.

Трговските групи кои ги претставуваат големите американски гиганти, како „Валмарт“ и „Епл“, предупредија дека царините ќе ги зголемат малопродажните цени во САД, и нема да помогнат за намалувања на трговскиот дефицит.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG