Линкови за пристапност

Крај на трговската војна? Кина ќе ги намали тарифите


Кинеското министерство за финансии соопшти дека од 14 февруари ќе бидат намалени тарифите за некои производи за 10 до 5%, а за други за 5 до 2.5%.

Намалувањето ќе опфати лепеза на производи – соја, свинско, морски плодови, авто делови.

Тарифите што ги наметна Пекинг ќе бидат намалени истиот ден кога се очекува и Вашингтон да изврши намалување за 120 милијарди долари вреден кинески увоз.

Ова е дел од „првата фаза“ на договорот што минатиот месец го потпишаа преговарачите од двете држави и со кој се стави на спиралното меѓусебно наметнување тарифи кое започна во јуни 2018-та а кое беше поттикнато од барањето на Претседателот Доналд Трамп за промена на кинеските практики во трговијата, субвенционирањето и заштитата на интелектуалната сопственост.

Администрацијата на Трамп вели дека успеале да добијат зголемување на американскиот извоз на земјоделски производи и енергенси во Кина како дел од овој договор за помирување.

Договорот исто така вклучува и ветување од Пекинг дека ќе преземе мерки за заштита на интелектуалната сопственост на американските компании и дека ќе запре со практиката со која ги приморува странските компании да вршат трансфер на својата технологија во оваа земја.

Останува нејасно како овие ветувања ќе бидат спроведени.

Соединетите Држави исто така бараат Пекинг да ги намали субвенциите за државните компании и да им дозволи на американските компании поголем пристап до кинескиот пазар.

XS
SM
MD
LG