САД најавија дека ги одложуваат новите царини од десет проценти за дел од увезените кинески производи, кои претседателот Доналд Трамп одлучи да ги воведе на први септември.
Канцеларијата на трговскиот американски претставник рече дека царините за лаптопи и компјутерски монитори, телефони, видео игри, некои играчки и облека ќе бидат одложени до 15. декември, во корист на американските потрошувачи за време на празничната сезона.
Сепак, новите царини ќе се воведат на многу други кинески производи кои допрва ќе се објават.
Новата рунда трговски преговори меѓу двете држави се очекува да се случи во септември, по стапување во сила на царините.
Facebook Forum