Линкови за пристапност

Состанокот Трамп - Џјинпинг ги зголеми акциите во Токио, Кина и Европа


Аналитичарите велат дека состанокот меѓу двете најголеми светски економии помогнал да се олеснат тензиите

Состанокот меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и кинескиот претседател Шји Џјинпинг се одрази врз пазарите во Европа и Азија.

Аналитичарите велат дека состанокот меѓу двете најголеми светски економии помогнал да се олеснат тензиите и да се оживеат трговските разговори иако, според нив, се` уште е неизвесно постигнувањето договор меѓу двете држави.

Акциите во Токио, Кина и во Европа пораснаа на највисоко ниво во последните два месеца, откако државните медиуми во Кина ги поздравија резултатите од состанокот, и истакнаа дека фокусот ќе се врати на дијалогот, и ќе се престане со закани и контрамерки.

Трамп во саботата се согласи дека нема да инсистира на нови даноци за кинески производи вредни 300 милијарди долари, што предизвика реакции и кај домашните компании.

Кина се заложи да купи, како што Трамп напиша на Твитер, големи количини земјоделски производи од американските фармери

Тој, исто така, понуди да олесни некои ограничувања на продажбата на делови за кинеската компанија Хуавеи, кои се направени во САД.

Портпаролот на кинескиот министер за надворешни работи денес не кажа нови детали за тоа кога би се сретнале преговарачите следната недела.

На прашањето какви отстапки направила Кина за време на состанокот, тој одговори со прашање дали навистина некој верува оти Кина треба да направи отстапки.

Пред овој состанок, двете страни имаа комплетно заладени односи, на што многумина гледаа како почеток на нова студена војна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG