Линкови за пристапност

Кина ги зголеми царините за 128 американски производи


Мерката влегува во сила веднаш

Кина ги зголеми царините за увоз на 128 американски производи во висина до 25 проценти, вклучувајќи ги свинското месо, овошјето и други продукти во вредност од три милијарди долари.

Мерката ја објави кинеското Министерство за финансии и стапува на сила веднаш, додавајќи дека станува збор за одговор на американските царини за челик и алуминиум, кои беа воведени на 23-ти март.

Во соопштение на Министерство за трговија стои дека државата ги суспендира обврските од Светската трговска организација, за намалување на царините на 120 американски производи, вклучувајќи го овошјето и етанолот.

Царините за увоз на овие производи ќе бидат зголемени дополнително за 15 проценти.

Мерката се воведува во време кога растат трговските тензии меѓу Пекинг и Вашингтон.

Економските експерти велат дека директното влијание ќе биде ограничено, но, инвеститорите стравуваат оти трговските недоразбирања меѓу двете држави може да ја намалат глобалната трговија и да му наштетат на светскиот раст.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да воведе царини на кинески производи вредни повеќе од 50 милијарди долари, за да го казни Пекинг, по наводите дека систематски ја нарушува американската интелектуална сопственост.

Пекинг во неколку наврати ги негираше ваквите тврдења.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG