Линкови за пристапност

Законот за национална безбедност на Хонгконг е провокација за сите држави, рече Помпео


Според новото законско решение, оштетување на јавен транспорт би можело да се смета за терористичка активност, за што се предвидува доживотна затворска казна

Државниот секретар на САД Мајк Помпео, рече дека новиот Закон за национална безбедност на Хонгконг е провокација за сите држави, и оти Вашингтон презема мерки да стави крај на некои од специјалните привилегии за кинескиот регион.

„САД се длабоко загрижени за законските екстремни мерки и за безбедноста на секој што живее на таа територија, вклучително и Американци“, рече Помпео.

Кина го усвои ова законско решение во вторникот, ден пред одбележувањето на 23 години од враќањето на Хонгконг под кинеска управа.

Законот предвидува тешки казни за нејасно дефинирани кривични дела, како „конспирација со странски држави“.

Престапи, пак, како оштетување на јавен транспорт, би можеле да се сметаат за терористичка активност, за што се предвидува доживотна затворска казна.

Правните експерти велат дека со овој закон се става крај на политичката слобода, која жителите на Хонгконг ја користеа јавно за да ги искажат нивните политички погледи, како и помогна овој регион да се трансформира во меѓународен бизнис центар.

„Член 38 од новиот Закон, исто така, предвидува дека може да опфаќа и дела направени надвор од Хонгконг, од лица кои не се жители на Хонгконг, и ова веројатно ги вклучува и Американците. Ова е шокирачки и навреда за сите држави“, нагласи Помпео.

Растат тензиите САД - Кина

Како што Пекинг ја зголеми контролата врз Хонгконг, американските лидери велат дека тоа претставува закана за американските економски интереси, безбедност и вредности.

Аналитичарите велат дека односите меѓу САД и Кина се на најниско ниво изминативе децении.

„Акциите против Хонгконг се аларамантни. Ако на ваков начин Кинеската комунистичка партија ги почитува заложбите кон нејзиниот народ, тогаш остатокот од светот треба навистина да биде исплашен од тоа што може да се очекува од овој режим во глобални рамки“, изјави Џејмс Карафано, потпретседател за национална безбедност на фондацијата Херитиџ.

Кина неделава воведе нови рестрикции за американските новински агенции во Пекинг, слично како што се случи на почетокот на годинава, кон надворешни медиумски организации, како Глас на Америка.

Кинеското министерство за надворешни работи, рече дека Асошиетед прес, Си-би-ес, Националното јавно радио и Јунајтед прес интернешнл, имале седум дена да испратат до Владата на Кина детали за нивните вработени, финансии, недвижнини и други информации.

Овој потег уследи откако Вашингтон ги именуваше како странски мисии, четири дополнителни организации во САД, раководени од кинеската Влада.

Американските закодавци бараат поголема акција

САД најавија рестрикции за виза за актуелни и поранешни официјални претставници на Кинеската комунистичка партија, поради прекршување на човековите права и фундаменталните слободи во Хонгконг.

Претставничкиот дом на САД донесе легислатива за воведување задолжителни санкции за лица кои придонесуваат за кинескиот неуспех да се заштити автономијата на Хонгконг.

Сенаторот Роберт Менендез, пак, рече дека најновиот потег на Кина е многу алармантен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG