Кина рече дека е невозможно да одржува трговски преговори со САД, по новите царини кои стапија во сила.
САД воведоа царини за кинески производи вредни 200 милијарди долари, а вчера станаа ефективни контра царините, кои Пекинг ги воведе за американски производи вредни 60 милијарди долари.
Кинескиот заменик министер за трговија денес изјави дека е невозможно да се продолжат трговските преговори, по огромните рестрикции на администрацијата на Трамп кои, вели тој, делуваат како нож во грло.
Тој ја предводеше кинеската делегација на преговори во Вашингтон последен пат минатиот месец.
Новите царини на САД се оденсуваат за илјадници кинески производи, меѓу кои електроника, храна и бела техника. Новите царини се десет проценти, и ќе пораснат на 25 проценти на први јануари 2019-та година.
Facebook Forum