САД изјавија дека ги повлекле визите на повеќе од 1.000 кинески студенти, кои се сметаат за висок ризик по безбедноста, поради наводни врски со кинеската војска.
Стејт департментот изјави дека повлекувањето на визите било дозволено и потпишано од претседателот Доналд Трамп на 29 мај.
Оваа одлука била насочена кон студенти кои претходно студирале на колеџи и универзитети во Кина, а кои имаат врски со Армијата на Кина.
Администрацијата на Трамп смета дека кинеските студенти дошле во САД да крадат интелектуална сопственост, за да ги унапредат економските и воени сектори на Кина.
Портпаролката на Стејт департментот рече дека над 1.000 студенти и истражувачи, чии визи биле укинати од први јуни, биле само мал дел од повеќе од 360.000 кинески државјани кои во моментот студирале во САД.
„Ние продолжуваме да ги прифаќаме легитимните студенти од Кина, кои не работат на унапредување на целите за воена доминација на Кинеската комунистичка партија“, рече портпаролката.
Кина го обвини Вашингтон за политички прогон и расна дискриминација.
Facebook Forum