САД се длабоко загрижени за притисокот и вознемирувањето на странските дописници кои ги покриваат поплавите во Кина, рече портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, пренесе Агенцијата Франс-прес (АФП).
Неговите забелешки уследија помалку од 24 часа откако Пекинг ја обвини „Би-би-си“ за објавување „лажни вести“ за минатонеделните поплави, како и откако британскиот сервис рече дека неговите новинари се соочиле со непријателство.
„Владата на Народна Република Кина тврди дека ја прифаќа и поддржува нивната работа, но нејзините постапки покажуваат друга приказна“, изјави Прајс.
Прајс во изјавата ја повика Кина да не го ограничува пристапот на медиумите на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.
„Ја повикуваме Народна Република Кина да делува како одговорна држава, надевајќи се дека ќе ги пречека странските медиуми и светот на претстојните Зимски олимписки игри и Параолимпијадата во Пекинг во 2002 година“, рече Прајс.
Кинеското министерство за надворешни работи рече дека странските новинари „уживаат отворена и слободна средина за известување во Кина.
Групите за заштита на слободата на печатот велат дека просторот за работа на новинарите во странство се стеснувал и оти тие биле одбивани за виза, следени на улица и вознемирувани онлајн.
Facebook Forum