Линкови за пристапност

Експлозија пред Амбасадата на САД во Пекинг


Осомничено е 26-годишно лице од кинескиот регион Монголија

Кинеските официјални лица приведоа осомничен во врска со експлозијата што денес се случи пред Американската амбасада во Пекинг.

Полицијата изјави дека 26-годишниот Џанг од кинескиот регион Монголија, ја активирал експлозивната направа, која експлодирала пред оградата на југоисточниот дел на Амбасадата на САД.

Според изјавата на полицијата, се работи за пиротехничка направа, иако Американската амбасада ја опишала како бомба.

„Освен осомничениот, никој друг не е повреден, ниту пак е направена штета на имотот“, изјави Амбасадата.

Безбедносните служби не открија кој е мотивот за овој инцидент.

Неофицијално, владините официјални лица ги повикале новинарите да го гледаат случајот како инцидент предизвикан од индивидуално лице.

Видео материјалите објавени на социјалните медиуми, покажуваат чад кој се шири на речиси половина квадратен километар од Амбасадата.

Најмалку две лица, кои биле присутни за време на инцидентот, изјавиле дека почувствувале силен потрес за време на експлозијата.

Иако се работи за помал инцидент, тој предизвика меѓународно внимание, бидејќи Пекинг има силно обезбедување во дипломатското соседство во кинескиот главен град, и такви напади врз важни личности се многу ретки.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG