Линкови за пристапност

Кина против продажбата на американски беспилотни летала во Југоисточна Азија


САД ќе им продадат 34 беспилотни летала на Индонезија, Малезија, Филипини и на Виетнам. Сите овие четири земји се против тврдењето на Кина дека има територијално право врз Јужното Кинеско море

Експерти сметаат дека договорената зделка за продажбата на американски дронови во земјите во Југоисточна Азија, може да биде уште еден повод за официјален Пекинг да го засили тврдењето за нивно територијално право врз Јужното Кинеско море.

Вредноста на зделката се проценува на речиси 48 милијарди долари. Според договорот, САД ќе им продадат 34 беспилотни летала на Индонезија, Малезија, Филипини и на Виетнам. Сите овие четири земји се против тврдењето на Кина дека има територијално право врз Јужното Кинеско море, кое се смета дека е богато со ресурси.

САД немаат територијално право врз морето, кое опфаќа 3,5 милиони квадратни километри меѓу Хонг Конг и Борнео. Сепак, Вашингтон настојува морската површина да остане да го задржи статусот на меѓународни води.

Кина смета дека има право на 90 проценти од морето, каде дел од островите ги користи и за воени намени.

Очекувањата се дека Пекинг ќе испрати официјален протест против продажбата на дроновите. Не се исклучуваат и одредени економски мерки против четирите азиски земји што ги набавуваат леталата.

XS
SM
MD
LG